Екс-фудбалер на Јувентус доби шест години затвор за силување

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Маноло Портанова (22), кој лани за 10 милиони евра замина од „старата дама“, а беше сметан за огромен талент на италијанскиот фудбал наместо да ја гради кариерата, ќе мора да оди во – затвор.

Портанова беше дел од сите младински селекции на „аѕурите“, важеше за еден од најголемите таленти на Италија на позиција среден играч за врска, но сега ќе мора да лежи шест години во затвор поради силување.

Тој е осуден заедно со уште тројца, дека силувале 21-годишна девојка во Сиена лани на една куќна забава, па покрај затворската казна на жртвата ќе треба да ѝ платат и 120.000 евра отштета.