Една година од авионската несреќа на Сала: Семејството тагува по Аргентинецот

Помина една година од исчезнувањето на авионот во кој се наоѓаше Емилијано Сала. Аргентинецот леташе од Нант кон Кардиф, каде што требаше да се приклучи на соиграчите од новиот клуб.

Сала првите фудбалски чекори ги направи во Сан Мартин де Прогресо, каде што настапуваше до 15 години, по што се сели во Пројекто Кречер. По пет години Аргентинецот заминува во Европа и на 20 години потпиша за француски прволигаш. Не беше најдобар на почетокот, па играше за резервниот тим, а клубот размислуваше да го испрати на позајмица.

По четири сезони Сала се избори за првиот тим на Бордо за кој го постигна првиот гол во поразот од Монако со 1-4. Се мачеше и понатаму, па не можеше да ги оправда очекувањата по што се пресели во Нант.

Во Нант заигра во првата екипа и на 120 настапи за клубот постигна 49 голови, па привлече голем интерес на себе од многу клубови. Најзаинтересиран беше Кардиф, кој го купи за 15 милиони фунти, па по потписот на договорот тој замина за Нант.

Во Нант се поздрави со соиграчите и потоа замина назад за Кардиф, но авионот исчезна од радарот, по што беше организирана голема потрага и беше пронајден трупот од авионот со телото на Сала.

Неговото семејство уште тагува по Сала и нема никогаш да го заборави аргентинскиот фудбалер.

„Сала од секогша сакаше да биде дете. На 15 години замина од дома, па ми беше тешко затоа што останав без него. Тој сакаше да заигра во Англија и беше среќен што му се исполнува желбата. Не ми е лесно кога ќе ги видам сите пораки што ги добива од цел свет. И понатаму се борам да го пронајдам мирот“, вели неговата мајка.