Две ѕвезди го напуштаат Милан?

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Тео Ернандез и голманот Мајк Мањан би можел да си заминат од Милан во летниот преоден рок.

Актуелните договори на двајцата се со траење до јуни 2026 година, првичната цел на Милан е да ја продолжи соработката со нив, но тие ако во наредниот период не стават потпис на нови договори, клубот планира да ги продаде.

Мањан бара повеќе од двојно поголема плата, од сегашните 3,2 милиони евра годишно, на 7 милиони. Покрај тоа негодува и за некои други работи кои не се поврзани со парите, како начинот на кој му била третирана повредата, расизмот кој го доживува на некои од терените во Италија...

Тео Ернандез наводно најмногу е погоден од отказот на Паоло Малдини, а не е задоволен што е користен од Пиоли надвор од својата природна позиција поради што има лоши партии.

Милан сака добро да заработи на нив и затоа би ги продал ова лето, а не следното кога ќе влезат во последната година од договорот, а со тоа и цената ќе им се намали. 

Наводно клубот ги цени на по 100 милиони и двајцата.