Два од два за Севилја во Ла Лига: Хордан ја урна Гранада (ВИДЕО)

Севилја ја запиша втората победа сезонава во шпанската Ла Лига, откако денеска славеше со 1-0 против Гранада.

Гостинската екипа беше за нијанса подобар противник во првите 45 минути, но мрежите останаа да мируваат.

На стартот на второто полувреме, Жоан Хордан ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0 на Севилја, по што Гранада се обиде да израмни, но немаше среќа.