Драма со среќен крај за Барселона - со три гола за осум минути ја потопи Селта (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Барселона беше на праг до пораз против Селта виго, но во драматична завршница со три гола успеа да ги освои бодовите (3-2).

Ларсен испрати одличен удар во десниот долен агол на Барселона и во 19. минута донесе водство за Селта, додека на 2-0 зголеми Дувикас во 76. минута.

Вториот гол на Селта ја разбуди Барселона која набрзо постигна два гола, во 81 и 85. минута, преку Роберт Левандовски, додека пресвртот го комплетира Жоао Кансело во 89. минута.

Барселона по шест одиграни меча има 16 бодови, колку и Жирона, по што следи Реал Мадрид со 15 бода од пет одиграни натпревари.