Дракслер го продолжи договорот со ПСЖ

Џулијан Дракслер се очекуваше да биде слободен агент по завршувањето на оваа сезона, бидејќи му истекуваше соработката со ПСЖ. 

На инсистирање на новиот тренер Маурисио Покетино, Германецот доби нов тригодишен договор, кој радо го прифати. Дракслер имаше многу понуди од европските гиганти меѓу кои Арсенал, Јувентус, Баерн Минхен и други, но реши да остане во Париз, каде игра од 2017 година.

Претходно една сезона играше за Волфсбруг, а кариерата ја почна во Шалке, каде играше од 2011 до 2015 година. За ПСЖ досега одигра 173 натпревари и постигна 24 голови.