Дориев блесна за Согдиана, па го избраа за фудбалер на колото (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Љупче Дориев продолжи со одличните настапи во Узбекистан, па така запиша два гола во победата на Согдиана против Коканд 1912 пред неколку дена.

Дориев постигна голови во 34. и 41. минута од натпреварот против Коканд, а по комплетирање на колото беше прогласен за најдобар фудбалер.

По 15 одиграни кола, Согдиана се наоѓа на 11. место со 16 бодови, додека Дориев втор стрелец во шампионатот со девет голови и три асистенции.