Допрва ќе врие во Италија: Наполи го победи Јуве во 90. минута! (ВИДЕО)

Делуваше дека Јувентус ќе умртви до 0-0 уште едно дерби и ќе ја задржи предноста на табелата, арно ама Наполи не остана без зборови на гостувањето во Торино. Со голот на Кулибали во 90. минута победи со 1-0 и ја направи пеколна трката за пехарот во Серија А.

На четири кола до крајот Јувентус има само еден бод предност во однос на Наполи. Не можеше да биде подобро за неутралните фудбалски фанатици, бидејќи во наредните четири рунди од Серија А секој гол ќе биде важен.

Денеска во Торино падна само еден и тоа го донесе стоперот Кулибали по еден корнер на Колјехон во последната минута од основните 90. Наполи беше подобар противник во целиот меч, а во второто полувреме тотално доминираше, дозволувајќи му на Јуве само еден гол.

Јуве сега има 85 бода, Наполи еден помалку, а во следното коло и двете екипи имаат тешки гостувања, Јуве кај Интер, Наполи кај Фиорентина.