Додека Јамал се бореше за финале на СП, крадци се обиделе да провалат во неговиот дом

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објавува дека приватното обезбедување синоќа спречило провала во домот на Ламин Јамал во Барселона!

Членови на очигледно организирана група разбојници провалиле во неколку куќи во истата населба каде што живее Ламин за време и по натпреварот помеѓу Франција и Шпанија. Околу 04:00 часот наутро, камерите и сензорите за движење инсталирани на куќата на Ламине го регистрирале движењето на две непознати маскирани лица, кои потоа се обиделе да скокнат преку ѕидот што го оградувал дворот.

Сепак, обезбедувањето реагирало навреме и сè завршило само со обид за провала и кражба бидејќи двете лица избегале кога ги виделе. Полицијата веднаш била известена и веќе е почната истрага. Организирани групи се осомничени за провала во домовите на познати личности, спортисти, богати луѓе и слично. Честопати, станува збор дури и за добро координирани банди од Балканот.

Откако Пјер-Емерик Обамејанг и неговото семејство доживеаја ужасно искуство пред четири години, полицијата и клубот препорачале дополнителни безбедносни мерки за играчите на Барса, па затоа не е невообичаено да се види физичко обезбедување присутно во нивните домови 24/7.