Доцна е за Милан и Ван де Бек

Италијанскиот гигант Милан задоцни кога станува збор за ангажманот на еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Ван де Бек.

„Росонерите“ имале состанок со агентот на Холанѓанецот минатиот октомври и се договориле да разговараат повторно на крајот од сезоната, но сега цената на играчот од средниот ред е двојно поголема.

Спортскиот директор на Милан, Леонардо бил импресиониран од Ван де Бек и веќе неколку пати се обидел да стигне до него. Ајакс за својот фудбалер бараше 25 милиони евра, а сега Холанѓанецот вред околу 50 милиони евра.

Ајакс ја игра една од најдобрите сезони во историјата. Тие шокантно го елиминираа еден од фаворитите за освојувањето на ЛШ, Јувентус и се пласираа во полуфиналето, каде ќе се сретнат со Тотнем. Ван де Бек игра одлично, постигна 15 голови, а 11 пати асистираше.