Добра вест за Србинот: Михајловиќ доби судски спор - три милиони евра ќе легнат на негова сметка!

Екипата на Спортинг Лисабон ќе мора да му исплати на Синиша Михајловиќ три милиони евра, пресуди Судот за спортска арбитража во Лозана, пренесува португалски „Рекорд“.

Во јуни 2018 година Михајловиќ беше назначен за тренер на Спортинг, но во меѓувреме беше сменето раководството на клубот и новото раководство го поништи договорот на српски стручњак. Миха за само осум дена беше избркан од тимот од Лисабон.

Поради ваквиот потег, Синиша го тужеше Спортинг, барајќи ги сите 12 милиони евра кои требаше да ги заработи за тригодишниот престој, но Судот во Лозана му додели само три милиони.

Михајловиќ, моментно е тренер на Болоња, а вчера одржа емотивна прес-конференција по завршувањето на третата фаза на лекување од леукемија.