„Доаѓањето на 40-годишниот Модриќ е доказ дека Серија А ја губи вредноста“

Претседателот на Интер, Џузепе Марота учествуваше на прес-конференција во петокот во Милано, каде што кажа дека италијанската лига ја загубила вредноста.

Марота посочи дека доаѓањето на хрватскиот ветеран Лука Модриќ е доказ дека Серија А ја губи вредноста, иако фудбалерот на Милан има импресивни настапи оваа сезона.

„Серија А ја загуби вредност. Модриќ е шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст. Тоа е доказ дека лигата ја губи вредноста“, кажа Марота.

На прес-конференцијата зборуваше и за стадионите во Италија, при што кажа дека се потребни инвестиции во модернизирање на фудбалските храмови во земјата.

Фото: Facebook/AC Milan