Димитријевиќ и соиграчите ја победија Хрватска во спектаклот во чест на Дражен Петровиќ!

Денеска се одигра ревијален натпревар во чест на големиот Дражен Петровиќ кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија во 1993 година.

Во „Тимот на Дражен“ како што беше наречен составот од играчи кои настапуваат во Евролигата, беше и нашиот Ненад Димитријевиќ кој го заврши натпреварот со 9 поени, благодарение на трите тројки од пет шута.

Покрај Нено, составот го сочинуваа и Хуертас, Ларкин, Муса, Обст, Маринковиќ, Блажиќ, Шенгелија, Пјер, Таварес, Лесор, Марјановиќ.

Тие со 110-107 беа подобри од репрезентацијата на Хрватска која беше во состав Флиповиќ, Јунаковиќ, Радовчиќ, Јордано, М. Дрежњак, Крушлин, Хезоња, Д. Дрежњак, Накиќ, Љубичиќ, Пркачин, Бранковиќ.

Мечот беше се само не беше обичен. Во текот на целиот дуел имаше големи емоции, имаше и натпревар во тројки кој го доби Марио Хезоња против Џанан Муса.

Покрај актуелните кошаркари, беа и славни имиња од времето на Дражен Петровиќ како што се Нико Галис, Панајотис Јанакис и Ришар Дакури, а од тренерските имиња се појавија Светислав Пешиќ, Александар Петровиќ, Богдан Тањевиќ, Ергин Атаман, Александар Џикиќ...