Димитриевски со солиден настап во ремито против Вилјареал! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше солиден настап во дресот на Рајо Валјекано во ремито (2-2) против Вилјареал.

Димитриевски го одигра својот втор настап за новиот клуб, а иако денеска прими два гола, сепак може да се каже дека имаше солиден настап и му помогна на својот тим да освои многу важен бод.

Во моментов Рајо се наоѓа на претпоследната позиција во шпанската Ла Лига со седум освоени бодови, односно три помалку од безбедно место.