Димитриевски пак беше резерва, Севилја го „нокаутираше“ Рајо Валјекано!

Севилја со „петарда“ го декласираше Рајо Валјекано (5-0), кадешто настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој денеска беше на клупата за резервни фудбалери.

Промес погоди за 1-0 во 55. минута, а две минути подоцна Ел Хадади зголеми на 2-0. Во 62. минута истиот фудбалер зголеми и на 3-0, а до крајот на мечот во листата со стрелци се запишаа Бен Једер и Жил.

Севилја во моментов е четвртопласирана, додека Рајо останува на последната позиција и ќе биде неверојатно тешко да изборат опстанок.