
Димитриевски му обезбеди место во ЛШ на Реал Сосиедад (ВИДЕО)
„Жолтата подморница“ преку Ло Селсо успеа само еднаш да го матира македонскиот голман Столе Димитриевски, но тоа не беше доволно бидејќи претходно за Рајо стрелаа Де Томас и Палазон.
Барселона ја оправда фаворитската улога против Мајорка и славеше со 3-0, откако во првото полувреме два гола постигна Ансу Фати, а во вториот дел триумфот го потврди Гави.
Атлетико Мадрид беше подобар во дербито против Реал Сосиедад со 2-1, а херој на домаќините е Антоан Гризман кој постигна еден гол и му асистираше на Молина.
Останати резултати:
Алмериа – Валјадолид 0-0
Атлетик Билбао – Елче 0-1
Кадиз – Селта виго 1-0
Хетафе – Осасуна 2-1
Жирона – Бетис 1-2
Валенсија – Еспањол 2-2