„Диего Марадона“ е претесен за сите - повеќе од 100.000 фанови на Наполи сакале билет!

Вебсајтот на Наполи бил „бомбардиран“ од барања за билети за последниот меч од сезоната против Сампдорија кој се игра во недела.

Наполи во недела на свој терен го игра последниот меч од сезоната во која го освои Скудетото, противник им е Сампдорија.

Информациите од Италија велат дека повеќе од 100.000 Наполитанци се обиделе да дојдат до билет за овој меч.

Бројката од 100.000 луѓе кои побарале билет, не ги вклучува навивачите кои имаат сезонски билети, бидејќи тие веќе имаат влезница за мечот.

Вебсајтот на Наполи не бил подготвен да прими толку барања за билети, па паднал на одредено време.

По натпреварот со Сампдорија, планирана е официјалната прослава за Скудетото.