Дортмунд го распарчи Леверкузен и остана во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд беа подобри од Баер Леверкузен со 4-2 во 33. коло од Бундеслигата, па сè уште се во трка за место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Фримпонг погоди во 31. минута за предност на „фармацевтите“, но потоа гостите од Дортмунд постигнаа дури четири гола . Најпрво стрелаа Брандт и Риерсон, а потоа Адејеми и Гирази за водство од 4-1 во финишот.

Хофман беше стрелец на вториот гол за домаќинот со што го намали поразот (2-4) против големиот ривал.

Standings provided by Sofascore

Фото: EPA PHOTO