Возбудливо полувреме: Барселона од 0-2 стигна до 4-2 против Реал (ВИДЕО)

Вечното дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид ни понуди дури шест голови (4-2) во првото полувреме на „Монжуик“.

„Кралевите“ тргнаа најдобро што можеше, со два погодоци на Килијан Мбапе во петтата и 14. минута, но потоа Барселона стрелаше преку Ерик Гарсија и Ламин Јамал за да израмни на 2-2 до 32. минута.

Само две минути подоцна Рафиња ја затресе мрежата на Тибо Куртоа за 3-2, а бразилскиот фудбалер погоди уште еднаш пред крајот на полувремето за 4-2.

Фото: EPA PHOTO