Диего Коста со епска изјава за партнерството со Луис Суарез во Атлетико

Луис Суарез денеска дебитираше за Атлетико Мадрид и во победата од 6-1 против Гранада постигна два гола и имаше една асистенција. 

Уругваецот влезе во игра во 70-тата минута на местото на Диего Коста. Напаѓачот на Атлетико имаше урнебесна изјава за неговиот нов соиграч Суарез со кого треба да формира голгетерско партнерство. По мечот Коста беше запрашан дали му се допаѓа што го има Суарез за соиграч.

„Навистина е добро, едниот од нас гризе, другиот удира“, изјави Коста.