Куман грицка нокти: Суарез за 20 минути даде два гола во дебито за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид ја растури Гранада (6-1) во денешниот меч на домашен терен од 3. коло од шпанската ЛА Лига, во кој фантастично деби во дресот на „јорганџиите“ имаше најновото засилување од Барселона, Луис Суарез.

Уругваецот одработе само неколку тренинзи со новите соиграчи, но тоа не го спречи да постигна два гола во 20-те минути кои ги доби на овој натпревар. Суарез на теренот истрча во 70. минута, а во 85. и 93. минута се запиша во листата на стрелците, постигнувајќи ги последните погодоци за својот тим, а претходно и му асистираше на Љоренте. Претходно Коста стрелаше во 9. минута, Кореа во 47. минута, Жоао Феликс во 65. минута и Љоренте во 72. минута и тоа веднаш чим влезе во играа.

Молина во 87. минута го постигна почесниот погодок за гостите.