Диего Форлан си ја отвори душата: Роналдо би можел да стои и 24 часа пред огледало! (ФОТО)

Легендарниот уругвајски фудбалер, Диего Форлан, неодамна се пензионираше, па сега слободно може да си ја отвори душичката.

Тој во едно интервју говореше за се и сешто, па и за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.

Уругваецот и Португалецто ја делеа соблекувалната на „Олд Трафорд“. Двајцата го носеа дресот на Манчестер Јунајтед во сезоната 2003/2004.

Роналдо ниту малку не е сличен со Дејвид Бекам. Кристијано е егоцентрик. Секогаш се обидува да биде близу до огледалото. Тој би можел и 24 часа да се гледа во огледало, изјави Форлан.