Дибала и Мората го вратија Јуве на победничката патека (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус брзо се опоравија од шокот по двата порази во низа, од Челси и од Аталанта, па вечерва, без поголеми проблеми, како гости, ја совладаа екипата на Саларнитана (2-0).

Паоло Дибала во 21. минута прв ја начна мрежата на домашниот тим, а триумфот го потврди Алваро Мората во 70. минута, само четири минути откако влезе во игра. „Бјанконерите“ постигнаа уште еден гол, преку Кјелини, кој, сепак, беше поништен поради офсајд по проверка од ВАР собата. Дибала можеше уште еднаш да се запише во листата стрелци, но промаши пенал во четвртата минута од судиското продолжение.

Со овој триумф, составот од Торино со по 24 бодови се изедначи со Фиорентина на шестата позиција, последната што носи излез во Европа.