Дербито меѓу Марсеј и Монако заврши без победник (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј и Монако вечерва одиграа одличен меч на „Велодром“, меѓутоа дербито заврши без победник (1-1) во 20. коло од француската Лига 1.

Веретут со автогол им донесе предност на „кнезовите“ во 17. минута, а Санчез на стартот на вториот дел ја затресе мрежата на гостите за 1-1.

Марсеј беше доминантен во продолжение на второто полувреме и создаде дури 16 шанси, но ниту тоа не им помогна да слават во дербито.

На третата позиција останува Марсеј со 43 бодови, односно пет повеќе од Монако и до крај ги чека тешка битка за топ-3 позициите кои водат во Лига на шампиони.