Депај не доби нов договор од Атлетико - ќе бира нов клуб ова лето!

Атлетико Мадрид реши да не му го продолжи договорот на Мемфис Депај, иако оваа сезона одигра 31 меч во сите натпреварувања и постигна девет голови и две асистенции.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Атлетико нема да ја искористи клаузулата во договорот со Депај за автоматски да биде продолжена соработката.

Депај ова лето ќе може слободно да го бира својот нов тим, откако претходно во кариерата играше за ПСВ, Манчестер јунајтед, Лион и Барселона.