Дејан Илиев заминува на нов заем во Источна Европа – сега во Полска!

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев во пролетниот дел од оваа полусезона ќе брани во нов клуб, па откако есеноска го бранеше голот на словачки Серед, сега ќе се пресели во полска Јагелонија.

Илиев кој е член на Арсенал по завршувањето на есенската полусезона се врати во Лондон, а сега заемот во Словачка е прекинат, а младиот голман има нова дестинација во Полска. Според информациите од Лондон, Илиев одбил неколку опции да игра во англиската трета лига (Лига 1), па се решил за полската елита.

Илиев во Словачка ги одигра сите 16 меча, на кои одбрани еден пенал, а прими севкупно 26 гола со само три меча со „чиста мрежа“. Во Јагелонија, Илиев оди на заем до крајот на сезоната.