Деби за Алиоски во Премиерлигата: Лидс во возбудлив меч го совлада Фулам (ВИДЕО)

Коста во петтата минута носи водство за домаќините, по што Митровиќ од пенал израмни на 1-1. Меѓутоа, домаќинот го враќа водството преку Клич во 41. минута од белата точка.

Во вторите 45 минути Лидс тргна фуриозно и преку Бамфорд и Коста зголеми на 4-1, но нивната предност се „стопи“ во следните 10 минути, откако гостите преку Рид и Митровиќ намалија на 3-4.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски влезе во игра во 70. минута и им помогна на соиграчите да го зачуваат водството до крајот.