Де Зерби го одбил Манчестер јунајтед за да потпише со Марсеј
Италијанецот се поврзуваше со Баерн Минхен, Барселона, Челси, Манчестер јунајтед и други екипи, но на крајот замина во Франција и тоа јасно им го посочил на фудбалерите.
Тренерот решил на почетокот на сезоната да им го покаже договорот кој го одбил од „ѓаволите“ со цел да ги мотивира да ја нападнат титулата.
„Ова го одбив за да дојдам тука. Избрав страст пред парите“, наводно им кажал Де Зерби.