
Де Хеа му се враќа на фудбалот по пауза од една година?
Повеќе клубови се поврзуваа со Де Хеа, но голманот беше прибирлив и не сакаше да прифаќа понуда по секоја цена, а вистинска каква што тој сака не пристигна на негова адреса.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Де Хеа сега е блиску до враќање во акција. Наводно Бетис е сериозно заинтересиран за него и се предвидува позитивен исход.
Бетис и претходно сакаше да го договори Де Хеа, но тогаш бараната плата на голманот беше превисока за нив. Наводно сега ситуацијата е созреана за компромис и од двете страни.