
Дани Алвеш, сепак, е вратен меѓу легендите на Барселона
Веста дека Алвеш е вратен на листата на легенди ја објави весникот Ел Мундо кој го додаде и објаснувањето од клубот.
„Беше најдобар бек во историјата на Барселона и ги надмина очекувањата од него во врска со фудбалските способности“, пишува во статусот на Барселона за Алвеш.
Бразилецот беше член на Барса од 2008 до 2016 година, период во кој каталонскиот клуб доминираше во европскиот фудбал и, меѓу другото, освои две тројни круни.