Дали Барселона воопшто го прочита интервјуто на Меси? (ФОТО)
Аргентинецот во интервју ги објасни своите причини зошто сакаше да си замине и зошто на крајот остана во клубот. Очигледно од таборот на Каталонците не го прочитале, бидејќи по објавата на Меси, на социјалните мрежи на Барселона се појави овој пост.
„Меси: Ќе дадам се од себе. Мојата љубов кон Барселона нема да се промени“.
💙❤️ Leo #Messi: “I will give it my all. My love for Barça will never change.” pic.twitter.com/xBh29dTqpr
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 4, 2020
Ова е малку извадено од контекст, но да, Меси рече дека го сака клубот. Во исто време и распука по челниците на клубот, кои ја водат Барселона кон пропаст.
„Не бев среќен и сакав да си заминам. Тоа не ми беше дозволено на ниту еден начин и ќе останам во клубот за да не влезам во правна битка. Водството на клубот под претседателот Бартомеу е катастрофа. Му кажав на клубот, на претседателот дека сакам да си одам. Им го кажувам тоа цела година. Вистината е дека нема никаков проект или нешто слично со години. Тие жонглираат со работите и покриваат по некоја дупка во од. Никогаш не би одел на Суд против Барселона, бидејќи тоа е клубот што го сакам. Тоа го знам и никогаш не ми падна на памет да се тужам со Барса“, рече Меси во интерјвјуто.
Очигледно од Барселона се фатија за само едно мало делче од интерјвуто за да го искористат за социјалните мрежи.