Циркузи: Менаџерот кој го пријави Левандовски на крај заврши во притвор поради закани!

Веќе три години трае „војната“ на полската напаѓачка ѕвезда Роберт Левандовски и неговиот екс-менаџер Цезари Кучарски, па неодамна Кучарски го пријави фудбалерот на Баерн Минхен за финансиска измама и перење пари, а на крај синпќа тој заврши во – притвор.

Кучарски веќе подолго време не е во најдобри односи со семејството на Левандовски, ги обвини Полјакот и неговата сопруга дека затајувале данок и переле пари, на тој начин што од сметката на нивната фирма, на нелегален начин ја користеле.

И сето ова било поради наводен долг од 20 милиони евра што Левандовски му го должел, па менаџерот по судски пат си ги побарувал парите. Врката помеѓу двајцата се прекинала кога Левандовски во 2017 година го напуштил и потпишал соработка со еден од најмоќните светски менаџери Пини Захави.

Сега, Кучарски заврши во притвор, откако синоќа бил уапсен под сомнение дека му се заканувал на најдобриот фудбалер на Полска.