Циркус на „Местаља“: Газдата ги избрка тренерот и директорот!

Иако освоија трофеј во минатата сезона, после подолг период имаат добар тим, газдата на шпанска Валенсија, Питер Лим ги избрка тренерот Марселињо и генералниот директор Матеу Алемани.

Уште пред еден месец постоеа најави за вакво расплет на „Местаља“ поради голема кавга на Алемани со газдата, најмногу зашто се противставувал на „менаџерските игри“ во клубот и фактот дека Лим ги прифаќа сите сугестии на најмоќниот менаџер на светот Жорге Мендеш, чија сратегија е ѕвездите за добри пари да се продаваат, а да се купат евтини и неафирмирани фудбалери, што е спротивно на стратегијата за силна Валенсија.

Капак на кавгата била смената на Пабло Лонгорија, дотогашниот спортски директор на „љиљаците“, како и обидот за 40 милиони евра да се продаде Родриго во Атлетико Мадрид, но трансферот неочекувано пропадна.

Откако Лим дојде во Валенсија пет тренери се сменија досега, Нуњо Еспирито Санто, Гери Невил, Пако Ајестеран, Чезаре Прандели и сега Марселињо. Нов кормилар ќе биде бившиот фудбалер на Реал Мадрид, Алберт Селадес, кој беше и селектор на младински селекции во Шпанија.

Валенсија во минатата сезона до освои кралскиот куп, а заврши како четврта во Ла Лига.