Чудо во Каталонија: Жирона ја посрамоти Барселона (ВИДЕО)

Жирона е вистинска сензација во Ла Лига и тоа го потврди повторно на гостувањето кај Барселона со триумф од 4-2 во 16. коло од шпанското првенство.

Довбик во 12. минута го матира Пена, но радоста на гостите траеше кратко бидејќи Левандовски израмни на 1-1.

Гутиерез пред крајот на првото полувреме повторно ја враќа Жирона во водство, а гостите до трет гол стигнаа дури во 80. минута преку Валери.

Гундоган во првата минтуа од судиското надополнување погоди за 2-3 и ја врати надежта на Барселона за спас од пораз, но и тоа кратко траеше затоа што Стуани погоди за конечни 4-2.

Жирона се врати на првата позиција и има 41 бод, односно два повеќе од Реал Мадрид, додека Барселона останува на четвртата позиција со 34 бодови.