Човекот кој го создаде „Спотифај“ сака да го купи Арсенал за 1,8 милијарди фунти

Основачот на популарната аудио стриминг платформа „Спотифај“, Даниел Ек наскоро ќе испрати официјална понуда до семејството Кроенке за да го купи Арсенал од нив, а има план да го врати во врвот на англискиот фудбал.

Милијардерот сака да испрати понуда од 1,8 милијарди фунти до Кроенке и смета дека тоа ќе биде доволно за да ги задоволи апетитите на газдата на „топчиите“.

Ек сака да го купи клубот, а тој соработува заедно со поранешните фудбалери на Арсенал, Тјери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виеира.

„Ни се јави и ни кажа дека сака да го врати Арсенал на старите патеки, дека сака да го врати клубот во врвот на англискиот клуб. Не постојат вистински луѓе во управата на Арсенал и тоа е проблем за клубот. Се обидуваме да пронајдеме вистинско решение. Ек ги извести и навивачите за интересот, а ова ќе биде долга борба“, вели Анри.