Членот на „златната генерација“ Ангелов се раздели со Волунтари по една година

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и член на „златната генерација“ од Еуро 2017 во Полска, Виктор Ангелов после една година во романски Волунтари си замина од овој клуб и сега ќе бара нов клуб за продолжување на својата кариера.

Ангелов ланското зимо дојде во Волунтари од босански Широки бријег и одигра 27 меча (1 гол) и романскиот клуб беше трет негов странски предизвик, после настапите во БиХ, а претходно и во унгарски Ујпешт.

Инаку Ангелов е роден во Дортмунд и фудбалските чекори ги направи во младинската школа на Борусија, а потоа и на Шалке, по што беше дел од скопски Работнички, Тетекс, Металург, а играше и за чаирски Шкупи.

Тој сега како слободен играч ќе бара нова шанса, но нема да биде изненадување и да се врати во некој македонски прволигаш. За младинските селекции од 17 до 21 година има 34 настапи (7 гола), а еднаш играше и за А-тимот.