Чистка во Баерн - седум фудбалери на продажба

Катастрофалната сезона на Баерн ќе заврши со промена на тренерот, но значителни измени ќе има и во играчкиот кадар.

Баварскиот гигант го очекува бурно лето бидејќи ќе исчисти „пола“ тим, а за оние кои ќе си одат треба да се најдат замени. Најтиражниот германски весник Билд тврди дека клубот ставил на трансфер-листа седуммина фудбалери чија вредност се проценува на околу 340 милиони евра.

Станува збор за: Серж Гнабри, Кингли Коман, Јозуа Кимих, Леон Горецка, Дајот Упамекано, Алфонсо Дејвис и Нусер Мазрауи. За дел од нив веќе се договорени замени, некои се во завршна фаза, како на пример Тах од Баер место Упамекано или Саша Бои место Мазрауи. Освен тоа, планирано е враќање на Јосип Станишиќ од позајмицата во Баер, додека желба за средниот ред е Френки де Јонг од Барселона.