Челси веќе потроши 200 милиони евра за напаѓачи, но сака да купи уште еден!?

Англискиот гигант Челси во изминатите сезони имаше проблеми со напаѓачите, па поради тоа ова лето реши да направи целосен ремонт на нападот, односно досега потроши 200 милиони евра.

На „Стемфорд бриџ“ пристигнаа Лијам Делап и Жоао Педро, а во следниот период се очекува да замине Николас Џексон, по што „сините“ сакаат да го купат Морган Роџерс.

Роџерс минатата сезона за Астон вила постигна 14 голови и 15 асистенции, па дефинитивно би бил големо засилување за Челси.

Англискиот фудбалер претходно играше за Миделсбро, Блекпул, АФК Борнмут, Линколн сити и Манчестер сити.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club