Челси се распаѓа, но Росениор не се предава: Имам поддршка од газдите!

Светскиот клупски шампион Челси се наоѓа во катастрофална форма, односно има четири порази по ред во Премиер лигата и сè подалеку е од позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ), по што најмногу критики доби тренерот Лијам Росениор.

Росениор, сепак, не е загрижен за неговата иднина на кормилото на лондонскиот гигант и тврди дека има поддршка од сопствениците на тимот.

„Имам 100 отсто поддршка од газдите. Тие се со мене, имаме разговори секој ден и ме поддржуваат. Знам дека мора да почнеме да победуваме, но тоа не ја менува нашата цел за долгорочен успех“, кажа Росениор.

Челси, и покрај сите проблеми, сè уште има шанси да го освои ФА-купот, додека во лигата се бори за топ-5.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club