Го имаме првиот клуб од Премиер лигата кој официјално испадна!

Вечерва со натпреварот помеѓу Кристал палас и Вест хем кој заврши без победник 0-0 беше комплетирано 33. Коло во англиската Премиер лига.

Со овој бод Вест хем дојде до 33 бода со само два повеќе од Тотнем кој е првиот во опасната зона, Кристал палас од друга страна играше без притисок затоа што со 43 бода е сигурен, но исто така и нема шанси за излезе во Европа преку првенството.

Сепак и во таква ситуација играа борбено и не дозволија ривалот да освои дополнителни бодови кои сигурно за нив ќе имаа големо значење.

Вечерашното реми исто така значи и дека Вулвс и математички ги загуби сите шанси за опстанок во елитното друштво.