Драматична најава од шпанскиот ас: Алкараз го пропушта „Ролан Гарос“!?

Карлос Алкараз синоќа ја прими наградата Лауреус за најдобар спортист во 2025 година, но на истата церемонија, тој даде изјава што го обиколи светот, а која не е поврзана со неговиот успех, туку со повредата на раката што го принуди да се повлече од Мастерсот во Мадрид.

Шпанецот најверојатно ќе го пропушти и Мастерсот во Рим, но она што најмногу ги загрижува неговите фанови е информацијата дека неговото учество на „Ролан Гарос“ е исто така под знак прашалник. Откако Карлос Алкараз се повлече од турнирот во Барселона пред почетокот на 2. коло, сите мислеа дека повредата на раката на која се пожали не е сериозна и дека брзо ќе се врати на теренот по паузата.

Сепак, студен туш дојде минатата недела кога одлучи да се повлече од Мастерсот во Мадрид. Сега се повеќе се зборува дека нема да патува ниту во Рим, а неговото учество на „Ролан Гарос“ е исто така неизвесно. Младиот ас од Мурсија не сака да ја загрози својата кариера поради еден турнир, дури и ако е тој во Париз

„Како што реков, ме очекува долга кариера, многу години добар тенис. Форсирањето на овој ‘Ролан Гарос’ би можело да ми нанесе многу штета за идните турнири. Затоа ќе видиме што ќе кажат тестовите, сè зависи од нив. Подобро е да се вратам малку подоцна, но целосно подготвен, отколку порано и неподготвен. Мора да бидеме внимателни, бидејќи кариерата на еден тенисер може да биде многу долга“, рече Алкараз.

Евентуалното неучество на Гренд слемот во Париз ќе придонесе тој да заостане многу зад Синер на АТП листата, но тврди дека тоа не му е приоритет во моментов.