Цените на влезниците за Ел Класико – пепел: Најевтината чини 499 евра
Каталонскиот клуб ги одреди цените на влезниците, а одлуката предизвика разочарување кај навивачите бидејќи тие се на највисоко ниво досега. Најевтиниот билет чини 499 евра, стандардните се од 1.750, а во ВИП се 2.250 евра. И покрај важноста на натпреварот, никој не очекуваше цените да бидат толку високи.
Барселона, практично, цела сезона, односно од враќањето на Камп Ноу има високи цени на билети. Причината за тоа е што најгорните прстени на стадионот уште се во изградба, а таму традиционално се најниските цени. Така ќе биде и во добар дел од идната сезона, додека не се комплетира целосно Камп Ноу.