Вембанјама пишува историја: Најмлад дефанзивец на годината во НБА и прв со 100% гласови

Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама е прогласен за дефанзивец на годината во НБА што и не е неочекувано, ако се има предвид неговиот ефект оваа сезона.

Суперталентираниот Французин го направи тоа на свој начин, бидејќи одлуката беше едногласна за првпат. Вембанјама ги доби сите 100 први места и освои максимален број гласови, додека Чет Холмгрен се најде на второто место со 76 бода, што го прави втор најдобар одбранбен играч во лигата. Никогаш порано немало толкава разлика и помала дебата меѓу гласачите за тоа кој треба да ја освои наградата.

 

 

Признанието се доделува од сезоната 1982/1983, а одлуката никогаш не била едногласна.

Тоа не е изненадување, бидејќи Вембанјама е најдобар блокер во лигата, а со ова стана и најмладиот најдобар одбранбен играч во историјата на лигата.