„Чаки“ е многу близу до трансфер во Наполи

Ирвинг Лозано од ПСВ е пред преселба во редовите на Наполи и тоа за фантастични 50 милиони евра.

Мексиканецот експлодираше на светската сцена на минатогодишното Светското првенство во Русија и веднаш серија клубови се заинтересираа за неговите услуги. 

Наполи успеа да ги победи Манчестер јунајтед, ПСЖ и Барселона во трката за потписот на популарниот „Чаки“.