Чаби Алонсо отпишал тројца фудбалери по дебаклот против ПСЖ!

Катастрофалниот пораз од ПСЖ (0-4) во полуфиналето на Светското клупско првенство (СКП) не само што го означи крајот на настапот на Реал Мадрид на турнирот, туку донесе и сериозни промени во тимот.

Новиот тренер Чаби Алонсо, веднаш по поразот, донел одлука да не смета повеќе на Родриго, Дани Себаљос и Брахим Дијаз. Шпанските медиуми објави дека овие тројца фудбалери ќе бидат ставени на трансфер-листа, а клубот ќе се обиде да инкасира средства од нивната продажба во текот на летниот преоден рок.

Покрај оваа драстична одлука, клубот се простува и со долгогодишниот лидер на средниот ред, Лука Модриќ. Хрватскиот ас, кој ја одбележа последната деценија во дресот на Реал, кариерата ќе ја продолжи во Милан.