Буфон во четврток ќе одржи прес-конференција: Пензија или уште една сезона?

Јувентус објави дека капитенот Џанлуиџи Буфон во четврток во 11.30 часот во клупските простории ќе одржи прес-конференција. 

Од таборот на торинскиот тим не објавуваат која ќе биде темата на прес-конференцијата, но јасно е дека може да биде само за две нешта. Објава за крај на кариерата или пак за продолжување на истата на барем уште една сезона.

Многу поверојатна е првата тема, а тоа е дека Буфон и официјално ќе објави дека се пензионира од активниото играње фудбал. 40-годишниот голман во неделата го заокружи своето седмо „скудето“ по ред во Серија А или вкупно деветто откако го носи дресот на Јувентус од 2001 година. 

Многу веројатно во сабота против Верона во Торино, тој ќе го одигра својот последен натпревар.