Буфон се прости од Јувентус, па продолжува во Премиерлигата?!

Џанлуиџи Буфон денеска одржа прес-конференција на која му кажа збогум на Јувентус по 17 години. Тој не најави ништо околу неговата иднина, однсно не кажа дека се повлекува од фудбалот, што предизвика многу шпекулации низ светските медиуми. 

Италијанецот веднаш се споменуваше како нов голман на Реал Мадрид и ПСЖ, но италијанските медиуми најавуваат дека неговата следна дестинација веројатно е Премиерлигата.

Тим кој бил најзаинтересиран за неговите услуги е Ливерпул, кој веќе подолго време бара квалитетен голман, бидејќи Лорис Кариус и Симон Мињоле, не се доволно квалитетни за еден така голем клуб.

Наводно веќе биле остварени првите контакти, а Буфон бил расположен да му се приклучи на Ливерпул, најмногу поради традицијата и фантастичните навивачи.

Интерес за легендарниот голман има и од таборот на Бока Јуниорс, кои се надеваат дека ќе можат да го намамат Буфон во Јужна Америка.