Буфон плачеше откако Парма не обезбеди финален плејоф за Серија А (ФОТО)

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, еден од најголемите чувари на мрежата на сите времиња, иако длабоко е навлезен во петтата деценија сѐ уште брани, но со својата Парма синоќа не успеа да дојде до финален плејоф за пласман во Серија А, откако Калјари во полуфиналниот двомеч ги елиминира, па на легендата ептен тешко ѝ падна поразот.

Буфон не можеше да ги скрие солзите и плачеше откако Парма не успеа да го достигне голот негатива од првиот меч (2-3), на кој прокоцка два гола предност и денеска на „Енио Тардини“ одигра без голови со што Калјари закажа пресметка со Бари за место во калчо-елитата.

Буфон според најавите од Италија сега ќе пресече дали ќе замине во пензија после овој неуспех или ќе брани и во идната сезона во Серија Б, зашто има договор до 2024 година.