„Буфон е желба на многу клубови, но ние не сме еден од нив“

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон во саботата го одигра послендиот меч во дресот на Јувентус, но сè уште не потврди дали тоа бил негов последен меч во кариерата.

Искусниот голман пред неколку дена кажа дека ова е негова последна сезона и дека по 17 години ќе го напушти Јувентус. А, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат за неговата иднина.

Италијанските медуми пишуваа дека најзагреани кандидати за неговиот потпис биле Реал Мадрид и ПСЖ, но очигледно Буфон нема да заигра во Париз по изјавата на нивниот претседател Насер Ал-Келаифи.

„Буфон е фантастичен голман, но нашиот прв избор е Ареола и така ќе остане и наредната сезона. Ме познавате сите добро, зарем мислите навистина дека би ви кажал кои фудбалери ги следиме? Многу клубови го сакаат Буфон, но ние не сме еден од нив“, вели Ал-Келаифи.