
Бројките не лажат: Едно од најсилните оружја на Реал сезонава се пеналите!
Двоен стрелец за „кралевите“ беше Винисус Жуниор, а третиот гол беше дело на Килијан Мбапе кој погоди од пенал.
Она што денеска е тема во Шпанија е бројот на пенали кој оваа сезона беше досуден за Реал Мадрид.
Сезонава „кралевите“ одиграа десет натпревари, осум во Ла Лига и две во Лигата на шампионите и во тие натпревари избраниците на Алонсо добија вкупно шест пенали.
Исто така се наведува дека три пенали биле одлучувачки, против Осасуна која ја победија 1-0 и против Марсеј во ЛШ во триумфот од 2-1 кога двата гола беа од најстрога казна.
Реал не промаши ниту еден од тие шест, пет изведе Мбапе, еден Винисиус.
Фото: Real Madrid C.F